Руски воени авиони реализираа напади врз подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија

Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери соопшти дека руски воени авиони извршија напади кај пограничниот премин Бабу’л Хава веднаш наспроти границата со населеното место Рејханли кај градот Хатај и во близина на Автопатот М-4

1605632
Руски воени авиони реализираа напади врз подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија

Во реализирани воздушни напади од страна на воени авиони на Русија врз подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија загина еден цивил, а двајца цивили се ранети.

Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери соопшти дека руски воени авиони извршија напади на местото на пограничниот премин Бабу’л Хава веднаш наспроти границата во непосредна близина на населеното место Рејханли кај градот Хатај и во близина на Автопатот М-4.

Нападите се реализирани во близина на постројката за полнење плин на местото на пограничниот премин Бабу’л Хава, шлеперите коишто превезуваат трговски материјали, складиштето на локалното здружение за хуманитарна помош, планинските предели и врз селото Кефершилеје на Автопатот М-4 во северниот дел на Идлиб.

Од друга страна, според Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери и една истрелана балистичка ракета од Средоземното Море падна во близина на штабот на Сириската национална армија во селото Ках кај Идлиб на оддалеченост од приближно 3 километри од границата со Турција.

Во овие реализирани напади, според првични информации, загина еден цивил, а двајца цивили се ранети.

Инаку, вчера во текот на денот исто така Асадовиот режим и терористичките групи под контрола на неговиот поддржувач Иран прекршувајќи го прекинот на огнот во областа за намалување на затегнатоста (деескалационата зона) во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, отворија топовски оган врз една болница при што загинаа 6 мина цивили од кои едно дете и една жена, а 15 цивили се ранети.



Слични вести