Продолжуваат протестите во Франција против нацрт законот за „сепаратистите“ и исламофобијата

Продолжуваат протестите во Франција против нацрт законот за „сепаратистите“ и исламофобијата во главниот град Париз и во голем број други градови како што се Марсеј, Лил, Стразбур, Бордо, Лион и др.

1605786
Продолжуваат протестите во Франција против нацрт законот за „сепаратистите“ и исламофобијата

Продолжуваат протестите во Франција против нацрт законот за „сепаратистите“ кој се критикува со образложение дека цели против муслиманите, како и против исламофобијата во оваа земја. 

Против контроверзниот нацрт закон и исламофобијата беа одржани протести во францускиот главен град Париз и во голем број други градови како што се Марсеј, Лил, Стразбур, Бордо, Лион и др.

Големиот број протестирачи кои под водство на колективот по име „Антифронт против исламофобијата за еднакви права за сите“ се собраа на плоштадот Шатле оттука маршираа до плоштадот на Републиката.

Демонстрантите на протестите извикуваа слогани „Стоп за исламофобијата“, „Ако нема правда нема и мир“, „Ние сме овде и покрај тоа што тоа не го сакаат расистите“ и „Овде сме за достоинството на муслиманите и иднината на децата и покрај тоа што тоа не го сака Макрон“.

 



Слични вести