Хамнеи: Санкциите на САД врз Иран претставуваат убиство

Иранскиот верски лидер Али Хамнеи истакна дека санкциите коишто Соединетите Американски Држави (САД) ги спроведуваат врз неговата земја претставуваат убиство

1605633
Хамнеи: Санкциите на САД врз Иран претставуваат убиство

Иранскиот верски лидер Али Хамнеи во своето обраќање до нацијата преку државната телевизија по повод Празникот Невруз направи проценка на најновите случувања во внатрешната и надворешната политика.

Хамнеи истакна дека санкциите коишто Соединетите Американски Држави (САД) ги спроведуваат врз неговата земја претставуваат убиство.

„Економските санкции коишто САД ги спроведуваат врз Иран и врз другите земји претставуваат големо убиство. Имаа за цел со санкции да го ослабат Иран и да обезбедат да ги прифати нивните наметнувања. Оваа политика не вроди со резултат и оваа состојба помогна во зајакнувањето на домашното производство.“ - рече Хамнеи.

Потсетувајќи дека условот на Иран за враќање на нуклеарниот договор е „Соединетите Американски Држави (САД) да ги укинат сите санкции и тоа де факто да го стават во примена“, иранскиот верски лидер Али Хамнеи го рече следното: „Не вроди со резултат (беше залудна) политиката на максимален притисок на претходниот глупав претседател на САД (Доналд Трамп). Доколку истата политика ја применува и новата влада и таа нема да вроди резултат.“



Слични вести