Европската унија (ЕУ) не им испраќа вакцини на сиромашните земји

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен истакна дека Европската унија (ЕУ) не ќе може да им им испрати вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји

1605795
Европската унија (ЕУ) не им испраќа вакцини на сиромашните земји

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен во интервју за германската медиумска групација „Функе“ истакна дека од земјите на Европската унија (ЕУ) не ќе можат да им бидат испратени вакцини на сиромашните земји против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Лејен рече: „Од државите членки има многу голем притисок вакцините да ги земат тие.“          

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен ја потцрта финансиската поддршка која ја дава Европската унија (ЕУ) на иницијативата Програма за глобален пристап за вакцини Ковид-19 „КОВАКС“ (COVAX) со којашто им се обезбедува пристап на сиромашните земји до вакцини

Таа рече: „Тоа е механизам за споделување на вакцините од страна на Европската унија (ЕУ) директно со другите земји, но тоа ќе започне откако во ЕУ ќе располагаме со подобра состојба во производството.“

Инаку, Европската унија (ЕУ) од водечките производители на вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега порача приближно 2,6 милијарди вакцини, меѓутоа заклучно со овој месец на сите 27 земји членки на Европската унија (ЕУ) им се предадени приближно 70 милиони дози вакцини.

 



Слични вести