Асадовиот режим гранатира болница во Идлиб: Загинаа најмалку 6 цивили, 15 мина се ранети

Силите на Асадовиот режим реализираа топовски напад врз болница во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија во кој загинаа 6 цивили од кои едно дете и една жена, а се ранети 15 цивили

1605421
Асадовиот режим гранатира болница во Идлиб: Загинаа најмалку 6 цивили, 15 мина се ранети

Асадовиот режим и терористичките групи под контрола на неговиот поддржувач Иран прекршувајќи го прекинот на огнот во областа за намалување на затегнатоста (деескалација) во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, отворија топовски оган врз една болница при што загинаа 6 мина цивили од кои едно дете и една жена, а 15 цивили се ранети.

Одговорниот на канцеларијата за медија за Цивилна одбрана (Белите беретки) Ибрахим Ебу Лајис, истакна дека Асадовите сили реализираа топовски напад врз болницата во населеното место Ел Етерип, со топовски истрели копно-копно.

Велејќи дека во нападот животите го загубија 6 цивили од кои едно дете и една жена, Ебу Лајис рече дека во нападот воедно се ранети и 15 цивили од кои 4 потешко.

Ебу Лајис додаде дека ранетите од страна на екипите за цивилна одбрана се префрлени на лекување во околните болници. 

 



Слични вести