Сириската криза во десеттата година

Меѓународните организации на чело со Обединетите нации, како и светските актери како што се САД и ЕУ, сеуште никој не може да изнајде сеопфатно решение

1604363
Сириската криза во десеттата година

 

Десет годишната граѓанска војна во Сирија сеуште не се реши. Трагедијата, во која загинаа стотици илјади Сиријци и околу 7 милиони лица беа принудени да ја напуштат земјата, сè уште преодолжува пред вниманието на целиот свет. Режимот на Асад, кој протестите што започнаа во март 2011 година ги поздрави со казнувачко насилство, сè уште е на власт. Меѓународните организации на чело со Обединетите нации, како и светските актери како што се САД и ЕУ, сеуште никој не може да изнајде сеопфатно решение. Додека актерите како што се Русија и Иран уште повеќе го продлабочија проблемот.

Несомнено дека Турција е земја која што прави многу повеќе од сето она што е во нејзина можност за Сиријците. Во период кога „демократијата, слободата и човековите права повторно станаа мода“, претседателот Ердоган  напиша статија во која го повика Запад да помогне на напорите за Турција за окончување на граѓанската војна во Сирија. Ердоган во написот потсети дека е земја домаќин на милиони бегалци, прва земја која што употреби борбени сили против терористичките групи особено терористичката организација ДЕАШ (ИСИС) и заедно со локалните сегменти, на местата ослободени од тероризмот, воспостави безбедни зони.

Од друга страна, Вашингтон во изминатата деценија не беше во можност да изнајде никакви решенија. Моментално, како што може да се разбере од случувањата, светот е во потрага по нова политика за решавање на сириската криза. За администрацијата на демократот Бајден, Сирија се најде во прв план како поле каде ќе се тестира дискурсот за „демократија и човекови права“. Пораката на Ердоган до новата администрација е многу јасна: „Администрацијата на Бајден најпрвин треба да ги одржи ветувањата кои ги даде за време на кампањата, додека за окончување на трагедијата во Сирија и одбраната на демократијата, треба да соработува со нас“. Во случај администрацијата на Бајден го прескокне досието со Сирија со малку фокусирање на хуманитарната помош и поддршка на ЈПГ, фракцијата на терористичката организација ПКК во оваа земја, тогаш ќе ги повтори грешките на Обама.

Повикот на претседателот Ердоган не е ограничен само со Соединетите Американски Држави. Совпаѓањето на написот пред одржувањето на самитот на лидерите на ЕУ има посебно значење од тој аспект. Прашањето каков пристап ќе покаже ЕУ на сирискиот проблем е полно со неизвесност. Да не беше политиката на Турција за Сирија која се заснова на хуманитарна основа, денес во главните градови на ЕУ скоро сите екстремно десничарски партии ќе беа на власт.

Западните лидери исто така треба да се спротивстават на руските ракети истрелани на нападите на ЈПГ врз безбедните зони во северна Сирија. ЈПГ досега изврши вкупно 224 напади врз безбедните зони. 64 од нив беа напади со автомобил-бомби, 64 напади со рачни екслозивни направи, 51 вооружени, 19 минофрлачки и 9 ракетни напади.

Денес околу 4-5 милиони Сиријци во безбедните зони и во Идлиб живеат под контрола на Анкара. Кога на оваа бројка ќе додадете уште 4 милиони бегалци коишто се наоѓаат и живеат во Турција, тогаш слободно може да се каже дека околу половина од севкупната популација на Сирија се под кровот на безбедноста и засолништето на Турција. Дури и оваа реалност покажува дека САД и ЕУ треба да го поддржат развојот на безбедните зони. Зајакнувањето на ефикасноста на Анкара во сирискиот проблем е во прилог на западните престолнини. Тие не можат да ги заштитат своите интереси во Сирија со ЈПГ, која што терористичка организација на крајот ќе исчезне.

На крајот од десеттата година, сè уште нема јасен патоказ за решавање на сириската криза. Доколку не се реши сириската криза, која е најголемата трагедија на 21 век, нема да биде можно воспоставување на стабилноста на регионот, вели авторот на програмата проф. д-р Мурат Јешилташ, директорот за безбедносни истражувања од Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА).



Слични вести