Продолжуваат обостраните изјави помеѓу САД и Русија: Путин го предизвика Бајден на дуел

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден не се кае поради употребениот израз „убиец“ во врска со рускиот претседател Владимир Путин, додека пак Путин истакна дека е спремен на дуел со Бајден на онлајн средба во живо

1604196
Продолжуваат обостраните изјави помеѓу САД и Русија: Путин го предизвика Бајден на дуел

Продолжува затегнатоста помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Русија.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден не се кае поради употребениот израз „убиец“ во врска со рускиот претседател Владимир Путин, додека пак Путин истакна дека е спремен на дуел со Бајден на онлајн средба во живо.

Рускиот претседател Владимир Путин во говорот што го одржа на државната телевизија „Росија 24“ потсети дека како последно оствариле телефонски разговор на иницијатива на американскиот претседател Бајден и го рече следното: „Предлагам нашата дискусија со претседателот на САД Џо Бајден да ја продолжиме со онлајн средба во живо. Без одлагање, искрено, во отворена дискусија-дебата во живо. Јас мислам дека тоа ќе биде интересно за рускиот народ, американскиот народ и за народите на голем број други земји. Ние сме спремни во кое било кое време кое ѝ одговара на американската страна. Сега ќе му дададам соодветно упатство на Министерството за надворешни работи.“

Од страна на американската управа пак, не пристигнаа позитивни пораки како од Путин.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на одржаната редовна дневна прес-конференција беше запрашана за тоа дали претседателот Џо Бајден  се кае поради употребениот израз „убиец“ во врска со рускиот претседател Владимир Путин, на што одговори со зборовите „Не... Претседателот на директно поставено прашање, даде директен одговор.“

На потсетување дека по коментарите на Бајден беше отповикан амбасадорот на Русија во Вашингтон, Џен Псаки го рече следното: „Нашиот амбасадор во Москва останува на својата должност. Ќе остане во комуникација со Русите во регионот. Ние како прв чекор ќе продолжиме да веруваме во дипломатијата. Ќе ги продолжиме сите наши односи со нашите непријатели.“

Инаку, американскиот претседател Џо Бајден завчера во едно интервју рускиот претседател Владимир Путин го окарактеризира како „убиец“ и рече дека „Москва ќе плати сметка“ за интервенцијата на изборите во 2020 година.

 



Слични вести