Франција воведе 4 неделна забрана за движење во текот на целиот ден

Францускиот премиер Жан Кастекс истакна дека поради брзото ширење на епидемијата на Ковид-19 од 20 март (денеска) е воведена 4 неделна забрана за движење во текот на целиот ден во 17 области со кои е опфатен и главниот град Париз

1604374
Франција воведе 4 неделна забрана за движење во текот на целиот ден

Во 16 области во Франција заедно и со главниот град Париз поради брзиот раст на бројот на случаите на новиот тип коронавирус (Ковид-19) од денеска (20 март) е воведена 4 неделна забрана за движење во текот на целиот ден.

Францускиот премиер Жан Кастекс на одржаната прес-конференција посветена на епидемијата на Ковид-19 истакна дека епидемијата продолжува да се шири брзо во земјата.

Кастекс рече: "Овој трет бран се забележува во голем број европски градови. Причината за тоа е британската варијанта. Таа сочинува три четвртини од случаите на Ковид-19. (британската варијанта) Се шири побрзо и според потенцијалот е посериозна."

Кастекс соопшти дека во Ил-де-Франс во чии рамки се наоѓа и главниот град Париз и во другите 15 области почнувајќи од 20 март е воведена забрана за движење во текот на целиот ден. 

Тој рече дека училиштата во овие области ќе останат отворени.

Францускиот премиер Жан Кастекс истакна дека ќе работат само продавниците за основни потреби, а сите други продавници ќе бидат затворени.

 



Слични вести