По острите зборови на Бајден во врска со Путин, Русија го отповика својот амбасадор во Вашингтон

Портпаролката на руското министерство за надворшени работи Марија Захарова истакна дека рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов е повикан во Москва за консултации

1603495
По острите зборови на Бајден во врска со Путин, Русија го отповика својот амбасадор во Вашингтон

По острите изјави на американскиот претседател Џо Бајден коишто ги употреби во врска со рускиот претседател Владимир Путин, Русија го отповика својот амбасадор во Вашингтон.

Портпаролката на руското министерство за надворшени работи Марија Захарова објави писмено соопштение по изјавите на Бајден во врска со Путин кого го нарече „убиец“ и за кого поради интервенција на изборите во САД рече дека „ќе ја плати цената за тоа“.

Велејќи дека рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов е повикан во Москва за консултации, за правење проценка на иднината на односите со Соединетите Американски Држави (САД), Захарова рече: „Амбасадорот е повикан во Москва за консултации и за да се анализира што ќе биде направено и кон каде ќе се оди во односите со САД.“

Захарова привлече внимание дека управата на Бајден приближно два месеци како е на власт и го изнесе следниот коментар: „Наскоро ќе навршат 100 дена од новата управа. И тоа претставува причина за да се направи проценка за тоа во кои прашања екипата на Бајден е добра, а во кои не е добра.“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова продолжи со следните зборови: „За нас е значајно е да бидат утврдени начините за поправање на руско-американските односи коишто Вашингтон ги вовлече во безизлезе (ќор-сокак) и кои се наоѓаат во тешка состојба. Доколку Американците се свесни за ризиците во врска со тоа, ние водиме грижа за спречување на неповратното влошување на односите. Овие прашања ќе бидат разгледани за време на консултациите со амбасадорот во Министерството за надворшени работи и другите надлежни институции.“

Инаку, американскиот претседател Џо Бајден во врска со рускиот претседател Владимир Путин го употреби изразот „убиец“ и рече дека „ќе ја плати цената“ поради интервенцијата на минатогодишните избори во Соединетите Американски Држави (САД).

 



Слични вести