Во терористички напад во Нигер во близина на границата со Мали загинаа најмалку 58 лица

Во терористички напад во Нигер во близина на границата со Мали извршен од страна на вооружени лица со моторцикли загинаа најмалку 58 лица, додека некои локални извори тврдат дека во нападот загинаа 65 лица

1602675
Во терористички напад во Нигер во близина на границата со Мали загинаа најмалку 58 лица

Во терористички напад во Нигер во близина на границата со Мали чија цел беа цивили загинаа најмалку 58 лица.

Според објавеното соопштение од Владата на Нигер, вооружени лица со моторцикли вчера извршија напад врз автобус кој ги превезувал лицата кои се враќале од сточниот пазар во месноста Банибангоу во областа Тилабери.

Според првични претпоставки во нападот загинаа 58 лица, додека некои локални извори тврдат дека бројот на загинатите изнесува 65 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста во врска со нападот за кој се истакнува дека можеби е извршен од страна на терористичката организација ДЕАШ која извесно време делува во наведената област.

 



Слични вести