Францускиот премиер Жан Кастекс: Влезени сме во трет бран на епидемијата, брзо се шири британската мутација

Францускиот премиер Жан Кастекс истакна дека земјата е влезена во трет бран на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека се согледува брзо ширење на британската мутација на вирусот

1602825
Францускиот премиер Жан Кастекс: Влезени сме во трет бран на епидемијата, брзо се шири британската мутација

Францускиот премиер Жан Кастекс одговараше на прашањата на пратениците во Националното Собрание во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Кастекс истакна дека земјата се наоѓа во вид трет бран на епидемијата на коронавирусот.

Во врска со состојбата со епидемијата, Кастекс велејќи „ Се наоѓаме во вид трет бран“, рече дека во земјата постои брзо ширење на новата варијанта на Ковид-19 предизвикана од Велика Британија (британската мутација на вирусот).

Францускиот премиер Жан Кастекс информира дека за да би можело да се излезе од епидемијата треба да им се придаде интензитет на работите за вакцинација и да се почитуваат преземените превентивни мерки.

Инаку, и францускиот претседател Емануел Макрон во дадената изјава вчера соопшти дека поради растот во бројот на случаите на Ковид-19 во наредните денови би можеле да бидат донесени нови одлуки.



Слични вести