ЦЕНТКОМ: Не сакаме да војуваме со Иран, но ако затреба спремни сме да одговориме

Командантот на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) генерал Кенет Ф. МекКензи истакна дека неговата земја не сака да војува со Иран, но ако затреба се спремни да одговорат

1601922
ЦЕНТКОМ: Не сакаме да војуваме со Иран, но ако затреба спремни сме да одговориме

Командантот на Централните сили на Соединетите Американски Држави (САД) „ЦЕНТКОМ“ (CENTCOM) генерал Кенет Ф. МекКензи даде изјави за телевизискиот канал „LBC“ во Либан кадешто истакна дека Вашингтон во последните две години следи политика на максимален притисок врз Техеран, но појасни дека управата на Бајден го разгледува овој метод.

Генерал МекКензи рече дека неговата земја е сака да војува со Иран, но дека ако затреба е спремна да одговори.

МекКензи операциите на Хусите во Јемен поддржани од Иран врз Саудиска Арабија ги окарактеризира како „агресивни акции“.

Велејќи „Операциите врз нашите сили во Ирак се реализираат од страна на оние кои ги водат прокси војните на Иран, најверојатно се агресивни акции“, МекКензи појасни дека американските сили се спремни да одговарат на заканата за одмазда во врска со атентатот врз Касим Сулејмани.

Командантот на Американската централна команда „ЦЕНТКОМ“ (CENTCOM) генерал Кенет Ф. МекКензи истакна дека постојано се во дејство за воспоставување на слободната трговија во водите во регионот.

 



Слични вести