Специјалниот претставник на ОН за Сирија Педерсен: Сиријците се „најголемите жртви“ на овој век

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен истакна дека граѓанската војна во Сирија којашто 10 години како продолжува ќе премине во историјата како мрачна страница и дека Сиријците се „најголемите жртви“ на овој век

1601886
Специјалниот претставник на ОН за Сирија Педерсен: Сиријците се „најголемите жртви“ на овој век

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен го информираше Советот за безбедност во врска со случувањата во Сирија.

Педерсен истакна дека граѓанската војна во Сирија којашто 10 години како продолжува ќе премине во историјата како мрачна страница и дека Сиријците се „најголемите жртви“ на овој век.

Геир Педерсен појасни дека оваа трагедија којашто трае веќе 10 години „трае колку што траеја двете светски војни“ и напомена дека за решавање на кризата во Сирија постои потреба од нов меѓународен формат во демократијата.

Велејќи дека сирискиот народ во овој период е подложен на смрт, осакатување, измачување, глад, напуштање на своите домови и раселување и на напади со хемиско оружје, специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен нагласи дека чувствува големо жалење од тоа што Обединетите нации (ОН) сеуште не можат да стават крај на оваа трагедија во Сирија.



Слични вести