ОН силно ја осудија употребата на насилство врз мирољубивите демонстранти во Мјанмар

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујарич потсети дека на одржаните протести на 14 март во Мјанмар загинаа 38 демонстранти, додека од почетокот на извршениот воен удар на 1 февруари досега загинаа најмалку 138 лица

1601876
ОН силно ја осудија употребата на насилство врз мирољубивите демонстранти во Мјанмар

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич силно ја осуди употребата на насилство врз мирољубивите демонстранти во Мјанмар.

Дујарич на одржаниот редовен дневен брифинг за печатот потсети дека на одржаните протести на 14 март во Мјанмар загинаа 38 демонстранти, додека од почетокот на извршениот воен удар на 1 февруари досега загинаа најмалку 138 лица меѓу кои се наоѓаат и жени и деца.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич упати повик до меѓународната заедница и до регионалните земји да покажат солидарност со народот на Мјанмар и да заземат место покрај демократијата.

Инаку, по тврдењата на политичките групи блиски до Армијата на Мјанмар околу тоа дека на одржаните избори на 8 ноември 2020 година имало измама и по покачувањето на политичката затегнатост, на 1 февруари Армијата изврши воен удар и ја презеде власта во оваа земја.

Граѓаните на Мјанмар на 6 февруари започнаа протести со барање за враќање кон демократија и откако по острата интервенција на безбедносните сили дојде до човечки загуби, се зголеми и учеството на протестите.



Слични вести