Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат на 23-24 март во Штабот во Брисел

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе се состанат на 23-24 март лице в лице во Штабот на Сојузот во белгискиот главен град Брисел

1602100
Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат на 23-24 март во Штабот во Брисел

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на состанокот што ќе се одржи лице в лице на 23-24 март, ќе разговараат за прашања на дневниот ред на Соузот на чело со Авганистан и Ирак.

Според објавеното соопштение од НАТО, следниот состанок на министрите за надворешни работи ќе се одржи во Штабот на НАТО во белгискиот главен град Брисел.

Состанокот којшто во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одржуваше преку видео-конференција, по подолго од една година за прв пат ќе се одржи лице в лице.

Исто така и на новинарите на кои инаку во периодот на пандемијата не им се дозволува да влегуваат во Штабот на НАТО макар и во ограничен број ќе им се дозволи да го следат состанокот на лице место.

Од новинарите кои ќе сакаат да го следат состанокот ќе се побара да покажат негативен „PCR“ (ПЦР) тест не постар од 72 часа.

 



Слични вести