Германија бара од Русија да ѝ го врати Крим на Украина

Портпаролот на германската Влада Стефен Сеиберт упати повик до Русија да ѝ го врати Крим на Украина кој пред 7 години беше незаконски анектиран

1601869
Германија бара од Русија да ѝ го врати Крим на Украина

Германија побара да ѝ биде вратен Крим на Украина кој пред 7 години беше анектиран од страна на Русија.

Портпаролот на германската Влада Стефен Сеиберт на одржаниот состанок за претставниците на печатот во Федералниот прес-центар нагласи дека од анектирањето на Крим од страна на Русија поминаа 7 години и го рече следното: „Со оваа анексија Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и го доведе во прашање европскиот поредок којшто е формиран по Втората светска војна. Ја повикуваме Русија да го прифати суверенитетот на Украина на териториите на Крим.“

Сеиберт исто така ја повика руската Влада да ги почитува човековите права и да бидат ослободени сите политички затвореници во земјата.

Инаку, по одржаниот референдум којшто се оценува за незаконски од страна на Украина и Европската унија (ЕУ), Русија на 18 март 2014 година го анектира Крим кој брои повеќе од 2 милиони жители.

Европската унија (ЕУ) поради оваа анексија воведе низа санцкии против Русија коишто сеуште продолжуваат да важат.



Слични вести