На вчерашните протести во Мјанмар загинаа 12 лица, а голем број се повредени и притворени

На вчерашните протести во Мјанмар при интервенцијата на безбедносните сили животите ги загубија 12 лица, а голем број лица се повредени и притворени

1599787
На вчерашните протести во Мјанмар загинаа 12 лица, а голем број се повредени и притворени

За време на интервенцијата на безбедносните сили на Мјанмар на протестите коишто продолжуваат да се одржуваат во оваа земја против извршениот воен удар и притворањето на членовите на Владата, вчера животите ги загубија 12 лица.

Печатот во Мјанмар и активистите кои ги следат протестите соопштуваат дека при интервенцијата на безбедносните сили со огнено оружје врз насобраните протестирачи во градот Магвај кадешто продолжуваат протестите против воениот удар, загинаа 8 лица, а 8 мина се ранети.

Активистите исто така соопштуваат дека 4 лица ги загубија животите и за време на протестите во градовите Јангон, Мандалај, Таунгу и Баго.

Пристигнуваат вести дека во градот Могок кадешто илјадници лица протестираат против воениот удар се притворени најмалку 30 лица, а во градот Мандалај десетици лица.

Како што се истакнува, во населеното место Северна Окалапа кај градот Јангон кадешто загина еден од демонстрантите на протестите коишто започнаа вчера утрото досега се притворени најмалку 100 лица.

Инаку, армијата во Мјанмар откако политичките групи блиски со неја ги изнесоа тврдењата за измама на одржаните избори на 8 ноември 2020 година по што дојде до зголемување на политичката тензија, на 1 февруари изврши воен удар и ја презеде власта во земјата.

Војската притвори голем број владини функционери на чело со лидерот на земјата, премиерката и министерката за надворешни работи Аунг Сан Су Чи и голем број функционери на владејачката партија, а исто така беше прогласена едногодишна вонредна состојба.

По ваквиот развој, народот во Мјанмар на 6 февруари започна протести со барање за враќање кон демократија.

Од почетокот на протестите за време на интервенцијата на безбедносните сили со огнено оружје досега загинаа приближно 70 демонстранти, стотици лица се повредени, а повеќе од 1.500 лица се притворени.

Додека сеуште продолжуваат протестите во Мјанмар на кои учествуваат голем број граѓани продолжува и судењето во воените судови на притворените високи владини функционери.

 



Слични вести