Во Јужноафриканската Република 12 милиони лица се соочуваат со криза со недостаток од храна

Одделот за операции за цивилна заштита и хуманитарна помош на Европската комисија (ECHO) соопшти дека во Јужноафриканската Република 12 милиони лица се соочуваат со криза со недостаток од храна

1599172
Во Јужноафриканската Република 12 милиони лица се соочуваат со криза со недостаток од храна

Во Јужноафриканската Република која инаку е едната од најголемите економии на континентот Африка, 12 милиони лица се соочуваат со криза со недостаток од храна.  

Во објавеното писмено соопштение од страна на Одделот за операции за цивилна заштита и хуманитарна помош на Европската комисија (ECHO) се истакнува дека пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), сушата и невработеноста го разгоруваат (поттикнува) проблемот со храна во Јужноафриканската Република.

Во соопштението се вели следното: „Приближно 12 милиони лица кои сочинуваат околу 20 отсто од целокупното население на земјата, ос 12 септември 2020 година наваму се соочуваат со проблем со храна.“

Во соопштението се привлекува внимание дека состојбата постепено се влошува и дека 20 отсто од населението на земјата од приближно 60 милиони, се соочуваат со проблем со храна.

Во истото соопштение се предупредува дека во процесот на пандемијата голем број лица ја изгубија својата работа и дека исто така дојде до зголемување за 30 отсто и на цените на храната.

Инаку, во Јужноафриканската Република во која се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега поради вирусот животите ги загубија повеќе од 50 илјади лица.

Јужноафриканската Република е земја со најголем број регистрирани случаи на Ковид-19 на континентот Африка.



Слични вести