УНИЦЕФ: Во 10 годишната војна во Сирија животите ги загубија и се ранети приближно 12 илјади деца

Фондот за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека во периодот од 10 години од 2011 до 2020 година во војната во Сирија животите ги загубија и се ранети приближно 12 илјади деца

1598952
УНИЦЕФ: Во 10 годишната војна во Сирија животите ги загубија и се ранети приближно 12 илјади деца
suriye çocuk.jpg
suriye çocuk kimiyasal.jpg
suriye çocuk.jpg
suriye çocuklar.jpg

Во војната во Сирија којашто 10 години како продолжува животите ги загубија и се ранети приближно 12 илјади деца.

Во објавеното соопштение од Фондот за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ), се укажува дека во период кога се наполнуваат 10-години од војната во Сирија 90 отсто од децата во оваа земја имаат потреба од помош.

Во соопштението се истакнува дека во Сирија повеќе од половина милион (500 илјади) деца под 5 години се соочуваат со назадување или заостанување во растењето и имаат мала височина поради хронична недоволна исхранетост, а воедно се вели дека внатре во границите на земјата не одат на училиште 2,4 милиони деца, а надвор од земјата 750 илјади деца.

Според УНИЦЕФ, во периодот од 10 години од 2011 до 2020 година во војната во Сирија животите ги загубија и се ранети приближно 12 илјади деца.

Повеќе од 5.700 деца меѓу кои се наоѓаат и деца на возраст од 7 години се користени во судири.

Поради тоа што постојано се подложени на насилство, шок и трауми бројот на децата кои доживуваат психолошки проблеми во Сирија минатата година се зголеми двократно, додека во текот на 10 години колку што веќе продолжува војната во оваа земја, се подложени на напади повеќе од 1.300 училишта и болници.
 



Слични вести