Блинкен: Во последните недели се доживуваат позитивни случувања по прашањето на Источниот Медитеран

Американскиот државен секретар Антони Блинкен истакна дека во последните недели се доживуваат позитивни случувања по прашањето на Источниот Медитеран и дека ги поддржуваат иницијативите на Турција со ЕУ во последниот период

1598974
Блинкен: Во последните недели се доживуваат позитивни случувања по прашањето на Источниот Медитеран

Американскиот државен секретар Антони Блинкен учествуваше на седницата на Комитетот за надворешни односи во Претставничкиот дом кадешто одговараше на прашањата конгресмените во врска со последната состојба во Источниот Медитеран.

Блинкен истакна дека во последните недели се доживуваат позитивни случувања по прашањето на Источниот Медитеран и дека ги поддржуваат иницијативите на Турција со Европската унија (ЕУ) во последниот период, за решавање на проблемите во Источниот Медитеран.

„Се согледува дека со стапувањето во контакт на Турција со Европската унија (ЕУ) и другите земји за фрлање на поконструктивен чекор, тензијата во регионот опадна. Ние го поддржуваме тоа и ќе продолжиме да ја доставуваме нашата помош за да би можеле да бидат фрлени чекори од тој вид во оваа насока.“ - рече Блинкен.

Антони Блинкен ја изнесе и следната констатација: „Соединетите Американски Држави (САД) се внимателни по прашањето на воспоставување на стабилноста во Источниот Медитеран и зачувувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите страни. Недоразбирањата коишто се појавуваат во регионот не можат да се решат по воени и провокативни патишта, туку на мирољубив начин по дипломатски патишта.“

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се осврна и на процесот во врска со Кипарските преговори при што истакна дека САД силно го поддржуваат сеофатниот договор за обединување на Кипар со две заедници и бизонална федерација.

На едно прашање за тоа на каква позиција стои управата на САД во однос на неформалниот состанок по Кипарското прашање што ќе се одржи идниот месец во швајцарскиот град Женева, Блинкен го изнесе следниот коментар: „ Силно го поддржуваме сеофатниот договор со кој Кипар ќе се обедини како држава со две заедници и бизонална федерација. Ќе ги поддржуваме напорите коишто го зајакнуваат овој приод, вклучувајќи ја и критичната улога на Обединетите нации (ОН).“

Антони Блинкен додаде дека САД со својата дипломатија директно ќе се ангажираат по прашањето на Кипарските преговори.

Инаку, на неформалниот состанок којшто генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес планира да го организира во врска со Кипарското прашање од 27 до 29 април во швајцарскиот град Женева ќе се разговара за тоа дали страните ќе постигнат компромис за состанување на основа за заеднички преговори.


 

 



Слични вести