Блинкен: Го поддржуваме решението со две заедници и бизонална федерација на Кипар

Американскиот државен секретар Антони Блинкен истакна дека САД силно го поддржуваат сеофатниот договор за обединување на Кипар со две заедници и бизонална федерација, како и напорите коишто го зајакнуваат овој приод

1599005
Блинкен: Го поддржуваме решението со две заедници и бизонална федерација на Кипар

Американскиот државен секретар Антони Блинкен учествуваше на седницата на Комитетот за надворешни односи во Претставничкиот дом кадешто одговараше на прашањата конгресмените.

Блинкен меѓу другото се осврна и на процесот во врска со Кипарските преговори при што истакна дека САД силно го поддржуваат сеофатниот договор за обединување на Кипар со две заедници и бизонална федерација.

На едно прашање за тоа на каква позиција стои управата на САД во однос на неформалниот состанок по Кипарското прашање што ќе се одржи идниот месец во швајцарскиот град Женева, Блинкен го изнесе следниот коментар: „ Силно го поддржуваме сеофатниот договор со кој Кипар ќе се обедини како држава со две заедници и бизонална федерација. Ќе ги поддржуваме напорите коишто го зајакнуваат овој приод, вклучувајќи ја и критичната улога на Обединетите нации (ОН).“

Антони Блинкен додаде дека САД со својата дипломатија директно ќе се ангажираат по прашањето на Кипарските преговори.

Инаку, на неформалниот состанок којшто генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес планира да го организира во врска со Кипарското прашање од 27 до 29 април во швајцарскиот град Женева ќе се разговара за тоа дали страните ќе постигнат компромис за состанување на основа за заеднички преговори.

 



Слични вести