Бројот на загинатите во експлозиите во Екваторска Гвинеја се зголеми на 98 лица, 615 лица се ранети

Потпретседателот на Екваторска Гвинеја Теодоро Нгуема Обианг Мангуе во објавеното соопштение на социјалната мрежа Твитер истакна дека бројот на загинатите во експлозиите коишто се случија завчера (7 март) се зголеми на 98 лица, а на ранетите на 615 лица

1597725
Бројот на загинатите во експлозиите во Екваторска Гвинеја се зголеми на 98 лица, 615 лица се ранети

Бројот на загинатите во серијата експлозии до коишто дојде во градот Бата, најголемиот град на централноафриканската држава Екваторска Гвинеја, се зголеми на 98 лица, 615 лица се ранети.

Потпретседателот на Екваторска Гвинеја Теодоро Нгуема Обианг Мангуе во објавеното соопштение на социјалната мрежа Твитер истакна дека бројот на загинатите во експлозиите коишто се случија завчера (7 март) се зголеми на 98 лица, а на ранетите на 615 лица.

Под дејство на силните експлозии во касарната Нкоа Нтома во градот Бата кадешто се стационирани специјалните сили и жандармериските единици, голем број згради и куќи во околината на касарната беа срушени или оштетени при што голем број лица останаа затрупани под рушевините.

Претседателот на Екваторска Гвинеја Теодоро Обианг Нгуема кој 42 години како управува со земјата во дадената изјава за телевизискиот канал ТВГЕ истакна дека несреќата се случила поради небрежноста и занемарувањето на единицата одговорна за магацините за динамит и муниција.



Слични вести