Во серија експлозии во Екваторска Гвинеја загинаа најмалку 20 лица, а повеќе од 300 лица се ранети

Во вестите објавени во локалниот печат во Екваторска Гвинејасе истакнува дека во серија експлозии во градот Бата животите ги загубија најмалку 20 лица, а повеќе од 300 лица се ранети

1596853
Во серија експлозии во Екваторска Гвинеја загинаа најмалку 20 лица, а повеќе од 300 лица се ранети

Во експлозии во градот Бата во централно-африканската држава Екваторска Гвинеја, според првични информации загинаа најмалку 20 лица, а повеќе од 300 лица се ранети.

Како што се истакнува, во градот Бата кој е во положба на економска престолнина на Екваторска Гвинеја, се случиле најмалку 4 експлозии.

Во вестите објавени во локалниот печат се вели дека поради експлозиите животите ги загубија најмалку 20 лица, а повеќе од 300 лица се ранети.

Поради експлозиите е причинета штета во голем број згради, а некои згради се целосно срушени.

Министерот за здравство на Екваторска Гвинеја Гуинеа Салуд во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија информира дека експлозиите се случиле во воената база Нкоа Нтома во градот Бата.

Тој побара од доброволните здравствени работници да отидат во регионалната болница во Бата, а воедно го повика народот да дарува крв.

Засега не е позната причината за експлозиите.



Слични вести