Во експлозија во градот Хама во Сирија загинаа 18 лица, а тројца се ранети

Во источниот дел на градот Хама во Сирија дојде до експлозија на две мини и притоа загинаа 18 лица, а тројца се ранети

1597232
Во експлозија во градот Хама во Сирија загинаа 18 лица, а тројца се ранети

При експлозија на мина во источниот дел на градот Хама во Сирија кој се наоѓа под контрола на режимот на Бешар Асад, загинаа 18 лица, а тројца се ранети.

Според веста на новинската агенција на сирискиот режим „САНА“, во областа Вади ел-Азип во населеното место Селемијје во источниот дел на градот Хама експлодираа две мини.

Во веста се истакнува дека во експлозијата загинаа 18 лица, а тројца се ранети.

Инаку, областа во која се случи експлозијата се наоѓа под контрола на армијата на Асадовиот режим и странските терористи поддржани од Иран.



Слични вести