Папата Франциск ја заврши историската посета на Ирак и се врати во Италија

Папата беше испратен во неговата земја со официјална проштална церемонија што се одржа на Меѓународниот аеродром во Багдад

1597247
Папата Франциск ја заврши историската посета на Ирак и се врати во Италија

Духовниот лидер на католичкиот свет папата Франциск ја заврши тридневната историска посета на Ирак и утрово од ирачкиот главен град Багдад се врати во Италија.

Папата беше испратен во неговата земја со официјална проштална церемонија што се одржа на Меѓународниот аеродром во Багдад.

Папата Франциск до авионот беше придружуван од страна на ирачкиот претседател Бахрам Салих.

Внимание привлече тоа што папата исто како и за доаѓање во Ирак, така и на враќање назад во неговата земја патуваше со авион на ирачката авиокомпанија.

Папата Франциск во рамките на својата тридневна историска посета на Ирак ги посети главниот град Багдад и градовите Неџеф (Наџаф), Насирије, Ербил и Мосул.

Папата Франциск со оваа посета воедно стана првиот папа во историјата кој го посети Ирак.

 



Слични вести