Папата Франциск ја водеше литургијата на стадионот „Франсо Харири“ во ирачкиот град Ербил

Папата Франциск во градот Ербил ги поздрави големиот број лица кои се собраа на улицата во маалото Ајнкаја кадешто во мнозинство живеат христијани по што ја водеше литургијата на стадионот „Франсо Харири“

1596837
Папата Франциск ја водеше литургијата на стадионот „Франсо Харири“ во ирачкиот град Ербил

Духовниот лидер на католичкиот свет папата Франциск во рамките на неговата историска посета на Ирак вчера во градот Ербил ја водеше литиргијата што се одржа на стадионот „Франсо Харири“.

Папата, во текот на вчерашниот ден од посетата на Ирак утрото го посети градот Ербил од кадешто потоа замина за градот Мосул и во центарот на градот и населеното место Каракуш учествуваше на овдешните литиргии, а потоа повторно се врати во Ербил.

Папата ги поздрави големиот број лица кои се собраа на улицата во маалото Ајнкаја кадешто во мнозинство живеат христијани и оттаму премина на стадионот „Франсо Харири“.

На стадионот на кој беа собрани приближно 10 илјади лица ги поздрави учесниците на средбата, а овде за него беа испеани и побожни песни илахии.

На церемонијата што се одржа на стадионот освен илјадници лица учествуваа и премиерот на Регионалната курдска управа (ИКБЈ) Нечирван Барзани, премиерот Месрур Барзани, заменик премиерот Кубат Талабани, специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Ирак Жанин Хенис-Плашарт, како и претставници на дипломатските мисии во регионот и верски и владини функционери.

Папата Франциск овде ја водеше литургијата и во говорот што го одржа привлече внимание на тоа дека војната и насилството во Ирак влијаеја на голем број луѓе и ги повика христијаните да живеат во братство, услуга и милост.

Духовниот лидер на католичкиот свет папата Франциск им се заблагодари на локалните цркви и фондациите кои даваат поддршка во повторната изградба на Ирак и укажа дека желбата за одмазда станува причина за вовлекување во спирала на насилство.

Папата Францикс од градот Ербил вчера во вечерните часови отпатува за ирачкиот главен град Багдад кадешто ја помина ноќта, по што рано наутро по прошталната церемонија што се одржа на аеродромот во Багдад се врати во Рим.

Папата Франциск стана првиот папа во историјата кој го посети Ирак

Духовниот лидер на католичкиот свет и претседател на Ватикан папата Франциск својата историска посета на Ирак ја започна на 5 март, во петок, кадешто во главниот град Багдад најпрвин се состана со ирачкиот премиер Мустафа Ал Ќазими и претседателот Бахрам Салих, а потоа ја посети и црквата Сејјидет'ул Неџат.

Завчера, папата во градот Неџеф (Наџаф) се состана со највисокиот верски лидер на шиитите ајатолахот Али ес-Систани во неговата куќа.

Потоа по градот Неџеф, го посети и античкиот град Ур, за кој се верува дека е родното место на божјиот пратеник Хазрети Ибрахим (Абрахам) и кој се наоѓа во провинцијата Зикар (Насирије).

Инаку, папата Франциск поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги откажа сите свои надворешни посети во 2020 година, така што по приближно 16 месеци ја оствари својата прва надворешна посета.

Папата Франциск со оваа посета воедно стана првиот папа во историјата кој го посети Ирак.

 



Слични вести