Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан

Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан

1596982
Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан

Американскиот државен секретар Антони Блинкен испрати писмо до авганистанскиот претседател Ешреф Гани и претседателот на Високиот совет за национален компромис на Авганистан Абдулах Абдулах, до кои ги достави своите предлози за мировните разговори.

Блинкен информира дека САД ќе побараат од Турција да биде домаќин на на разговорите за окончување на договорот за мир во Авганистан. 

Антони Блинкен во писмото што го напиша до авганистанските лидери о истакна следното: "Од Турција во наредните недели ќе побараме да биде домаќин за окончување на договорот за мир (во Авганистан)."

Во писмото се потсетува дека Соединетите Американски Држави (САД) планираат до 1 мај да се повлечат целосно од Авганистан, а воедно се стои на тоа дека по повлекувањето ќе продолжи финансиската поддршка на авганистанската армија, меѓутоа постои загриженост од безбедноста на земјата така што и Талибан искористувајќи го тоа како можност би можел да западне во желба за придобивање на територија.

Во писмото на американскиот државен секретар Антони Блинкен исто така се наведува дека и американскиот претседател Џо Бајден побарал од Ешреф Гани и Абдулах Абдулах да ги забрзаат мировните разговори, а воедно наброил и предлози во врска со мировниот процес во Авганистан.

 



Слични вести