Папата Франциск историската посета на Ирак ја продолжува со Ербил и Мосул

Духовниот лидер на католичкиот свет папата Франциск на аеродромот во градот Ербил беше пречекан со официјална церемонија

1596498
Папата Франциск историската посета на Ирак ја продолжува со Ербил и Мосул

Духовниот лидер на католичкиот свет папата Франциск историската посета на Ирак ја продолжи со градот Ербил.

Авионот во кој се наоѓаше папата слета на меѓународниот аеродром во Ербил.

Папата Франциск на аеродромот беше пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ) Нечирван Барзани и премиерот Месрур Барзани, како и верските и владините функционери на регионалната управа.

Папата се состана со Нечирван Барзани во салата на аеродромот за дочек на специјални гости.

По остварената овдешна средба, папата со хеликоптер полета за градот Мосул кадешто ќе ја посети областа Каракуш каде во мнозинство живеат христијани и овде ќе одржи говор.

По посетата на градот Мосул, папата Франциск повторно ќе дојде во градот Ербил кадешто ќе учествува на мисата на стадиумот Франсо Харири.

Потоа папата приквечен ќе се врати во ирачкиот главен град Багдад и утре рано по прошталната церемонија што ќе се одржи на аеродромот во Багдад, ќе се врати во главниот град на Италија, Рим.

Духовниот лидер на католичкиот свет и претседател на Ватикан папата Франциск својата историска посета на Ирак ја започна завчера и во главниот град Багдад најпрвин се состана со ирачкиот премиер Мустафа Ал Ќазими и претседателот Бахрам Салих, а потоа ја посети и црквата Сејјидет'ул Неџат.

Вчера, папата Франциск во градот Неџеф (Наџаф) се состана со највисокиот верски лидер на шиитите ајатолахот Али ес-Систани.

Средбата се одржа во куќата на Систани.

По градот Неџеф, папата го посети и античкиот град Ур, за кој се верува дека е родното место на божјиот пратеник Хазрети Ибрахим (Абрахам), а кој се наоѓа во провинцијата Зикар (Насирије).

Инаку, папата Франциск поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги откажа сите свои надворешни посети во 2020 година, така што по приближно 16 месеци ја остварува својата прва надворешна посета.

Папата Франциск со оваа посета воедно стана првиот папа во историјата кој го посети Ирак.

 



Слични вести