Организацијата за исламска соработка (ОИС) жестоко го осуди терористичкиот напад во Сомалија

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Јусуф бин Ахмед ел-Усејмин истакна дека жестоко го осудуваат терористичкиот напад во Сомалија што беше извршен во петокот и во кој загинаа 20 лица, а 30 мина беа ранети

1596695
Организацијата за исламска соработка (ОИС) жестоко го осуди терористичкиот напад во Сомалија

Организацијата за исламска соработка (ОИС) соопшти дека го осудува терористичкиот напад во Сомалија што беше извршен во петокот и во кој загинаа 20 лица, а 30 мина беа ранети.

Во објавеното писмено соопштение од страна на генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Јусуф бин Ахмед ел-Усејмин се истакнува дека жестоко го осудуваат доживеаниот грозен настан и им се изразува сочувство на блиските кои ги загубија животите во нападот, на сомалиската Влада и сомалискиот народ.

Усејмин рече: „Организацијата за исламска соработка (ОИС) која го осудува секој вид терор ја поддржува сомалиската Влада во нејзината борба против тероризмот.“

Инаку, во реализираниот терористички бомбашки напад на 5 март во петокот пред ресторанот по име „Лул Јемени“ во населеното место Хамар Жажаб во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинаа 20 лица, а 30 мина беа ранети.

Во истиот ресторан беше извршен терористички напад и во 2020 година кога самоубиствен бомбаш се разнесе и притоа исто така имаше голем број загинати и ранети.



Слични вести