Иран: „Ако Израел нè нападне, ќе ги уништиме Тел Авив и Хаифа“

Никој во регионот не го сака ционистичкиот режим и затоа мораа да изградат ѕидови околу нив

1596621
Иран: „Ако Израел нè нападне, ќе ги уништиме Тел Авив и Хаифа“

 

По изјавата на израелскиот министер за одбрана Ганц дека „ги ажурирале плановите за напад на иранските нуклеарни постројки“, иранскиот министер за одбрана Емир Хатеми се закани дека во случај на евентуален напад, ќе ги бомбардираат Тел Авив и Хаифа.

Според иранската државна телевизија Хатеми во говорот на една манифестација во главниот град Техеран, одговори на изјавите на неговиот израелски колега Бени Ганц за плановите за напад.

Наведувајќи дека Иран ја поседува потребната воена способност за да ја заштити својата безбедност и стабилност, Хатеми рече:

„Никој во регионот не го сака ционистичкиот режим и затоа мораа да изградат ѕидови околу нив. Исто така, од очај, тие повремено му се закануваат на Иран. Ако направат грешка, ќе ги уништиме Тел Авив и Хаифа“.

Хатеми исто така додаде дека „групите на отпор“ во Либан, Сирија, Ирак и Јемен, поддржани од Иран,  се „меката моќ“ на неговата земја против Израел.

Израелскиот началник на ГШ Авив Кочави, во говорот што го одржа на 27 јануари,  изјави дека на армијата и наредил да подготви нови оперативни планови за спречување на иранската нуклеарна програма.

Министерот за одбрана Бени Ганц на 5 март изјави дека израелската армија ги ажурира своите планови за гаѓање на иранските нуклеарни постројки.



Слични вести