Во експлозија во сомалискиот главен град Могадишу загинаа 20 лица, а 30 мина се ранети
Во сомалискиот главен град Могадишу е реализиран напад со возило бомба во кој загинаа 20 лица, а 30 мина се ранети
1596087

Во реализиран напад со возило бомба пред еден ресторан во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинаа 20 лица, а 30 мина се ранети.
Раководителот на амбулантниот сервис Амин доктор Абдулкадир Адан информира дека во реализиран бомбашки напад пред ресторанот по име "Лул Јемени" животите ги загубија 20 лица, а 30 лица се ранети.
Како што се истакнува по експлозијата се срушила и една зграда во околината на ресторанот во близина на пристаништето во Могадишу.
Пред истиот ресторан беше експлодирана бомба од страна на самоубиствен бомбаш и во 2020 година, при што и во оваа експлозија имаше загинати.
Слични вести
Путин изрази подготвеност за средба со Зеленски
Ако Зеленски сака да започне со обнова на односите, ние ќе бидеме само задоволни