Папата Франциск во Неџеф во Ирак се состана со верскиот лидер на шиитите Али ес-Систани
Според веста на ирачката официјална новинска агенција, конвојот со возила во кој се наоѓаше и папата Франциск од аеродромот во Неџеф премина во куќата на верскиот лидер на шиитите Али ес-Систани каде што се одржа и средбата
1596198
Духовниот лидер на католичкиот свет и претседател на Ватикан папата Франциск кој престојува во историска посета на Ирак се состана со верскиот лидер на шиитите Али ес-Систани.
Според веста на ирачката официјална новинска агенција, конвојот со возила во кој се наоѓаше и папата Франциск од аеродромот во Неџеф премина во куќата на верскиот лидер на шиитите Али ес-Систани каде што се одржа и средбата.
Папата Франциск во рамките на своите средби и разговори во Ирак, вчера во главниот град Багдад се состана со ирачкиот премиер Мустафа Ал Ќазими и претседателот Бархам Салих.
Духовниот лидер на католиците, ја посети и црквата Сејјидет'ул Неџат во Багдад.
Папата Франциск по посетата на Неџеф се очекува да го посети и античкиот град Ур во Насирије.