Папата Франциск го посети ирачкиот антички град Ур

Во ирачкиот антички град Ур папата Франциск беше пречекан од страна на муслиманските и христијанските верски личности, а во моментот на негово пристигнување беа свирени локални фолклорни мелодии и илахии (побожни песни)

1596377
Папата Франциск го посети ирачкиот антички град Ур
Papa Irak ziyareti
papa.JPG

Верскиот лидер на католиците папата Франциск во рамките на својата посета на Ирак го посети и античкиот град Ур, за кој се верува дека е родното место на Хазрети Ибрахим (Абрахам), а кој се наоѓа во провинцијата Зикар (Насирије).

Во градот Ур папата беше пречекан од страна на муслиманските и христијанските верски личности. Во моментот на пристиигнување на папата беа свирени локални фолклорни мелодии и илахии (побожни песни).

Папата Франциск својот говорот што го одржа овде го започна зборувајќи за врската на градот Ур со божјиот пратеник Ибрахим (Абрахам) и го рече следното: „Единството, заедништвото и верувањето започнаа од Ур. Ние сме внуци на Ибрахим (Абрахам). Треба да се сакаме меѓусебно. Не треба да работиме едни против други. Овие територии би можеле да ги оживееме заедно.“

Осврнувајќи се и на терористичките напади во Ирак, папата рече: „Теророт ја користи религијата. И ние не треба да дозволиме религијата да се искористува како руво. Теророт го нападна и Ирак кој е дел од историјата. Треба да застануваме во одбрана на разноликоста и слободата на религијата и мислата.“

Папата Франциск, упатувајќи повик за единство и заедништво го рече следното: „Треба да го зајакнеме нашето братство. нема да дојде мирот доколку не го изградиме мирољубивиот живот и не се поддржуваме меѓусебно.“

По програмата во античкиот град Ур, папата Франциск со хеликоптер полета за главниот град Багдад кадешто ја посети катедралата „Мар Јусуф“ (Свети Јосиф) кадешто ја водеше мисата по што ја заврши својата програма во Багдад од кадешто утре ќе отпатува во посета на градот Ербил, а потоа и на градот Мосул.

Инаку, духовниот лидер на католичкиот свет и претседател на Ватикан папата Франциск својата историска посета на Ирак ја започна вчера и во главниот град Багдад најпрвин се состана со ирачкиот премиер Мустафа Ал Ќазими и претседателот Бахрам Салих, а потоа ја посети и црквата Неџат.

Денеска пак, папата најпрвин во градот Неџеф (Наџаф) се состана со највисокиот верски лидер на шиитите Али ес-Систани.

Средбата се одржа во куќата на Систани.

 



Слични вести