За една година во своите домови во подрачјето на Идлиб во Сирија се вратија 282.544 цивили

Мухамед Халаџ по постигнатиот договор за прекин на огнот на 5 нарт 2020 година во период од една година во населените места во руралните подрачја на градовите Идлиб и Алепо се вратија 282.544 цивили, составени од приближно 56.308 семејства

1595715
За една година во своите домови во подрачјето на Идлиб во Сирија се вратија 282.544 цивили

По постигнатиот договор за прекин на огнот во подрачјето за намалување на затегнатоста во Идлиб во северозападниот дел на Сирија на 5 март 2020 година помеѓу Турција и Русија којшто стапи на сила наредниот ден на 6 март, за една година се вратија назад во своите домови во подрачјето вкупно 2828.544 сириски цивили.

Мухамед Халаџ, директорот на Координацијата за делување во Сирија која води активности во врска со податоците за миграцијата во подрачјето на Идлиб, истакна дека по постигнатиот прекин на огнот со стопирањето на воените операции на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи цивилите се враќаат во своите домови во областите од кои претходно беа приморани да се иселат.

Тој рече: „По постигнатиот прекин на огнот за една година во населените места во руралните подрачја на градовите Идлиб и Алепо се вратија 282.544 цивили, составени од приближно 56.308 семејства.“

Укажувајќи дека лицата кои се вратија назад во своите домови сеуште во голема мера имаат потреба од помошта на граѓанските организации, Халаџ воедно предупреди дека цивилите треба да внимаваат и на остатоците од неексплодирани бомби во местата во кои се вратени.

Мухамед Халаџ привлече внимание дека доколку продолжи применувањето на прекинот на огнот се очекува да се враат назад во своите домови поголем број сириски цивили, а исто така нагласи дека не е можно да се вратат назад во своите домови цивилите чии домови се наоѓаат во областите коишто се заземени од страна на Асадовиот режим.



Слични вести