Порака со сочувство од азербејџанскиот претседател Алијев до Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по телефон го побара министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и му изрази сочувство

1595371
Порака со сочувство од азербејџанскиот претседател Алијев до Турција

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изрази сочувство за војниците кои загинаа во хеликоптерската несреќа во Битлис во Турција.

Алијев, во пораката што ја сподели обраќајќи му се на претседателот Реџеп Тајип Ердоган истакна:

„Веста за смртта на турските војници кои загинаа во несреќата на воениот хеликоптер длабоко ме растажи. Во мое лично име и во име на азербејџанските граѓани, изразувам длабоко сочувство до вас, семејствата на хероите, нивните роднини и турскиот народ и посакуваме што побрзо да заздрават повредените. Посакувам божја милост“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по телефон го побара министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и му изрази сочувство.

Генералниот секретар на разговорот рече дека НАТО е во солидарност со Турција.

Шефовите на странските мисии во главниот град Анкара со своите изјави и објави на социјалните профили исто така истакнаа дека ја споделуваат болката на турскиот народ.



Слични вести