Папата Франциск во историска посета на Ирак

Посетата на папата Франциск освен тоа што е прва посета на еден папа на Ирак во историјата, таа е значајна ѝ од верски ѝ од политички аспект

1595882
Папата Франциск во историска посета на Ирак
papa irak'ta.JPG

Духовниот лидер на католичкиот свет и претседател на Ватикан папата Франциск допатува во посета на Ирак која претставува прва посета на еден папа на Ирак во историјата.

Оваа посета на папата Франциск на Ирак е значајни ѝ од верски ѝ од политички аспект.

Папата за време на оваа неговата посета ќе даде порака за солидарност со христијаните во Ирак, а ќе оствари одделни средби и со другите верски и етнички групи.

Папата Франциск во рамките на својата посета на Ирак денеска и утре ќе оствари средби и разговори во главниот град Багдад и во градовите Неџеф и Зикар, а во недела ќе во градовите Ербил и Мосул. 

Папата Франциск за време на посетата ќе се состане и со верскиот лидер на Шиитите Али ес-Систани.

Во пресрет на посетата на Ирак, папата Франциск објави видео порака во која своите зборови ги започна со зборовите „Есселаму Алејкум“ и го рече следното: „Доаѓам на аџилак … да се молам за прошка и помирување по долгогодишната војна и тероризам … и доаѓам меѓу вас во мир. Сакам да ве запознаам, да ги видам вашите лица, да ја посетам вашата земја, античката колевка на културата.“

Амбасадорот на Турција во Ватикан Лутфуллах Ѓокташ во врска со посетата на папата Франциск на Иракдаде изјава за Турската радио и телевизија (ТРТ).

Амбасадорот Ѓокташ привлече внимание дека и покрај тоа што биле откажани сите негови надворешни посети папата Франциск инсистирал по прашањето на остварување на посетата на Ирак. 

Авионот на духовниот лидер на католичкиот свет и претседател на Ватикан папата Франциск во попладневните часови слета на Меѓународниот аеродром во главниот град на Ирак, Багдад кадешто беше пречекан со официјална церемонија од страна на ирачкиот премиер Мустафа Ал Ќазими.

Папата се состана со Ќазими на аеродромот.

По овдешната средба папата Франциск ќе премине во претседателската палата во Зелената зона во Багдад и овде ќе биде пречекан со официјална церемонија од страна на ирачкиот претседател Бархам Салих.

Папата и Салих потоа ќе одржат средба лице в лице.

Освен тоа, папатата овде ќе се состане и со претставниците на граѓанските организации и дипломатите.

Инаку, поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) папата Франциск ги откажа сите свои надворешни посети во 2020 година.

На тој начин папата по приближно 16 месеци ја остварува својата прва надворешна посета и воедно ќе биде првиот папа во историјата кој го посетува Ирак.

Папата Франциск посетата на Ирак се планира да ја заврши на 8 март.

 



Слични вести