Расте бројот на загинатите во протестите во Мјанмар по извршениот воен удар

Кристин Шанер Бургенер, специјалната претставничка на Обединетите нации (ОН) за Мјанмар, истакна дека за време на демонстрациите против воениот удар во земјата само денеска се убиени 38 лица, додека досега загинаа повеќе од 50 лица

1594650
Расте бројот на загинатите во протестите во Мјанмар по извршениот воен удар

Како што се истакнува бројот на загинатите за време на интервенцијата на безбедносните сили во Мјанмар врз демонстрантите кои неколку дена како протестираат против извршениот воен удар во оваа земја, се зголеми на 38 лица.

Новинската агенција „АсошиетедПрес“ (АП) во објавената вест повикувајќи се на печатот во Мјанмар и платформата за социјална медија Фејсбук, информира дека за време на протетсите коишто се одржуваат против извршениот воен удар во земјата и притворањето на членовите на Владата кои се дојдени на власт по пат на избори, безбедносните сили интервенираа врз демонстрантите со употреба на вистински куршуми.

Во веста се истакнува дека при интервенцијата на безбедносните сили во Јангон, Селин, Мандалај, Мавламјине и Калај животите ги загубија 38 лица.

Освен тоа, се вели дека безбедносните сили притворија стотици лица меѓу кои се наоѓаат и новинари.

Инаку, по тврдењата на политичките групи блиски со Армијата на Мјанмар околу тоа дека на одржаните избори на 8 ноември 2020 година имало измама и по покачувањето на политичката затегнатост, на 1 февруари беше извршен воен удар со што Армијата ја презеде власта во оваа земја.

Армијата притвори голем број високи функционери и раководители на владејачката партија на чело и со министерката за надворешни работи и премиерката Аунг Сан Су Чи, а воедно беше прогласена едногодшна вонредна состојба во земјата.

Граѓаните на Мјанмар на 6 февруари започнаа протести со барање за враќање кон демократија и откако по острата интервенција на безбедносните сили дојде до човечки загуби се зголеми и учеството на протестите.

За време на протестите на 28 февруари во градот Јангон безбедносните сили интервенираа со вистински куршуми, а употребија и рачна бомба при што според соопштението на Обединетите нации (ОН) во Мјанмар за еден ден загинаа 18 демонстранти.

Во меѓувреме, Кристин Шанер Бургенер, специјалната претставничка на Обединетите нации (ОН) за Мјанмар, на одржаната прес-конференција истакна дека денешниот ден беше најкривавиот ден од извршениот воен удар досега.

Бургенер потврди дека за време на демонстрациите против воениот удар само денеска се убиени 38 лица, додека досега загинаа повеќе од 50 лица, а има голем број ранети.

Специјалната претставничка на Обединетите нации (ОН) Кристин Шанер Бургенер исто така инфомрира дека во време на демонстрациите досега се уапсени најмалку 1.200 лица и ја повика меѓународната заедница да се обедини и да се спротивстави на воениот удар во Мјанмар.

 



Слични вести