Предлот од НАТО до ЕУ за „стратешка солидарност“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Европската унија (ЕУ) која во својата одбрана посакува да ја намали зависноста од САД и да стане „стратешки автономна-независна“ и предложи на местото на оваа нејзина цел „стратешка солидарност“

1594749
Предлот од НАТО до ЕУ за „стратешка солидарност“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на меѓупарламентарниот настан што го одржа претседавачот со Европската унија (ЕУ) Португалија, говореше во врска со заедничките надворешни односи и безбедносната политика, а потоа одговараше и на прашањата на парламентарците.

Столтенберг на Европската унија (ЕУ) која во својата одбрана посакува да ја намали зависноста од Соединетите Американски Држави (САД) и да стане „стратешки автономна-независна“ и предложи на местото на оваа нејзина цел „стратешка солидарност“.

Нагласувајќи дека наспроти НАТО и Европската унија (ЕУ) се наоѓаат закани како што се тероризмот, сајбер нападите, Русија и Кина, Столтенберг рече дека треба да бидат зацврстени врските помеѓу Европа и Северна Америка.

Тој истакна дека слабеењето на трансатлантската врска нема да го ослаби само НАТО, воедно ќе ја подели и Европа. 

Столтенберг како пример ја изнесе борбата против тероризмот и напомена дека со еден ваков проблем не можат сами да се справат ниту Европа, ниту САД.

Укажувајќи на значењето на трансатлантската врска и против подемот на Кина, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го рече следното: „Кина во многу блиску време ќе стане најголема економија на светот. Станува збор за најголем одбранбен буџет и водечки технологии. Ѝ Европа, ѝ САД не можат сами да се справат со нив. Кина, дури и сама е доволна да го направи НАТО позначајно. Бидејќи кога ќе се дојде наспроти глобалните тешкотии, кога ќе стане збор за промената на рамнотежата на силата и и безбедноста, големината е значајна. Кога ќе ги земеме во предвид и сите други предизвици треба да стоиме еден покрај друг.“

 



Слични вести