Пентагон: Во ракетниот напад врз базата Ајн ал-Асад во Ирак загина еден американски цивилен персонал

Портпаролот на Пентагон Кирби истакна дека во реализираниот вчерашен ракетен напад врз воздухопловната база Ајн ал-Асад во Ирак кадешто се стационирани и американски војници еден американски цивилен персонал го загубил животот поради претрпен срцев удар

1594687
Пентагон: Во ракетниот напад врз базата Ајн ал-Асад во Ирак загина еден американски цивилен персонал

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) Џон Кирби објави писмено соопштение во врска со извршениот ракетен напад врз воздухопловната база Ајн ал-Асад во Ирак.

Кирби истакна дека во реализираниот вчерашен ракетен напад врз воздухопловната база Ајн ал-Асад во Ирак кадешто се стационирани и американски војници еден американски цивилен персонал го загубил животот поради претрпен срцев удар

Во извршениот ракетен напад со истрелани 10 ракети, Кирби истакна дека не била причинета штета врз ниту еден американски војник и го рече следното: „Еден американски цивилен персонал при засолнување од нападот претрпе срцев удар и за жал по кусо време го загуби животот.“

Портпаролот Кирби информира дека ирачките безбедносни сили се наоѓаат во областа и го истражуваат нападот.

Привлекувајќи внимание дека за време на ракетниот напад биле активирани системите за спречување на ракети и топовски истрели, Кирби појасни дека во врска со нападот е информиран и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. 

Инаку, на 15 февруари исто така беа реализирани ракетни напади врз аеродромот во градот Ербил кадешто се стационирани американски војници, а на 22 февруари цел на ракетни напади беше и заштитената Зелена зона во ирачкиот главен град Багдад.

Потоа, американската армија на 26 февруари реализира воздушен напад врз една постројка во Сирија во близина на ирачко-сириската граница кадешто се стационирани милициски сили поддржани од Иран при што загина еден припадник на милициските сили.

 



Слични вести