На протестите во Ерменија се додаде и тензијата околу одржувањето на предвремените избори

На протестите во Ерменија се додаде и тензијата помеѓу власта и опозицијата околу начинот на кој ќе се оди на предвремени парламентарни избори во земјата

1594664
На протестите во Ерменија се додаде и тензијата околу одржувањето на предвремените избори

Во период додека продолжува политичката криза во Ерменија којашто започна со објавеното соопштение од страна на Армијата со кое беше побарана оставката на премиерот Никол Пашинјан, опозицијата во оваа земја побара да се оди на предвремени избори, но под услов премиерот Пашинјан да биде разрешен од должност.

Кандидатот на ерменската опозиција за премиер Вазген Манукјан истакна дека се виде како Пашинај ја водеше војната во Нагорно Карабах и рече дека Пашинјан искористувајќи ги можностите на државата завчера од различни области на земјата собра 15 илјади свои приврзаници на плоштадот на „Републиката“ во главниот град Ереван.

Нагласувајќи дека не сакаат предвремените избори да се одржат додека Пашинјан е на власт, Манукјан рече: „Ние сме против одржувањето на предвремени парламентарни избори додека е на власт Пашинјан.“

Вазген Манукјан истакна дека Никол Пашинјан што побргу треба да поднесе оставка, потоа да се формира преодна Влада и во рок од една година да се оди на предвремени избори.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан пак, во говорот што го одржа пред Парламентот истакна дека доколку се постигне договор со опозицијата во рок од еден месец би можело да се оди на предвремени избори.

Велејќи дека изборите ги оценуваат како пат за повторно воспоставување на општествената солидарност, Пашинјан рече: „Изборите се механизам за решавање на овој проблем, можност да се изјасни народот.“  

Тој напомена дека сите политички сили вклучувајќи ја и власта треба да го загарантираат тоа дека ќе бидат одржани слободни, транспарентни и фер избори.

Како што се истакнува, ерменскиот премиер Никол Пашинјан и претставниците на опозицијата во наредните денови ќе одржат средби по прашањето на предвремените избори.

Од друга страна пак, претседателот на Ерменија Армен Саркисјан се состана со началникот на Генералштаб Оник Гаспарјан .

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот, на средбата помеѓу претседателот Армен Саркисјан и Гаспарјан беше разговарано за тензичната ситуација којашто се појави по последните случувања и беше нагласено дека безбедноста и стабилноста на земјата се позначајни од сѐ.

Ерменската опозицијата ги продолжува уличните протести со барање на оставката на премиерот Никол Пашинјан, а коишто се засилени по соопштението на Армијата со кое исто така Пашинјан беше повикан на оставка.

Пред да одржи говор премиерот Пашинјан пред Параментот голем број приврзаници на опозицијата се собраа пред зградата на Параментот и одржаа протест.

Поради протестот на кој учествуваа стотици лица полицијата презеде строги безбедносни мерки околу Парламентот.

Инаку, началникот на Генералштабот на Ерменија и Оник Гаспарјан и високите команданти на 25 февруари објавија соопштение со кое го повикаа премиерот Никол Пашинјан на оставка.

Пашинјан пак, ова соопштение го окарактерицира како „обид за воен удар“ и соопшти дека го разрешува од должност началникот на Генералштабот.

Меѓутоа, ерменскиот претседател Армен Саркисјан не ја потпиша одлуката за разрешување на началникот на Генералштабот и два пати му ја врати назад на премиерот Пашинјан.

 



Слични вести