Како Палестина и Израел ја дочекаа одлуката за започнување истрага од страна на МКС

Палестина ја дочека со задоволство изјавата на Главната јавна обвинителка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Фату Бенсуда за започнување истрага во врска со извршените израелски воени злосторства на окупираните палестински територии

1594609
Како Палестина и Израел ја дочекаа одлуката за започнување истрага од страна на МКС

Палестина ја дочека со задоволство изјавата на Главната јавна обвинителка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Фату Бенсуда дека е започната истрага во врска со извршените израелски воени злосторства на палестинските територии кои се наоѓаат под окупација и блокада.

Во објавеното писмено соопштение од палестинското Министерство за надворешни работи се истакнува дека овој долгоочекуван чекор е во услуга на неуморниот напор на Палестина во правец на воспоставување на правдата и полагањето сметка на основа на мирот што го бара и заслужува палестинскиот народ.

Во соопштението се вели дека палестинската управа доколку постои потреба од тоа е спремна да му помогне на Меѓународниот кривичен суд (МКС) и се упатува повик истрагата да биде завршена на брз начин.

Во соопштението се додава и следното: „Злосторствата коишто се извршуваат од страна на лидерите на израелската окупација против палестинскиот народ се континуирани (постојани), систематски и распространети.“

Од друга страна пак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наведе дека одлуката на Главната јавна обвинителка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Фату Бенсуда за започнување истрага претставува „антисемитизам“ и „дволичност“.

Нетанјаху го обвини Меѓународниот кривичен суд (МКС) за пристрасно однесување и рече: „Ние ќе продолжиме да се бориме за вистините и ќе ја поништиме оваа одлука.“

Инаку, Главната јавна обвинителка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Фату Бенсуда соопшти дека е започната истрага во врска со воените злосторства за коишто се наведува дека се извршени од 13 јуни 2014 година досега на окупираните палестински територии во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот бред, како и на Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада.

 



Слични вести