Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге: Случаите на Ковид-19 во Централна и Источна Европа повторно преминаа во раст

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа д-р Ханс Клуг истакна дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) повторно ја зголеми својата брзина на ширење особено во Централна и Источна Европа

1595034
Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге: Случаите на Ковид-19 во Централна и Источна Европа повторно преминаа во раст

Светската здравствена организација (СЗО) привлече внимание дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) повторно ја зголеми својата брзина на ширење особено во Централна и Источна Европа.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа д-р Ханс Клуг во дадената изјава по ова прашање истакна дека растот во бројот на случаите се забележува и во некои земји во Западна Европа.

Велејќи дека товарот што го сносат болниците и здравствените работници се пребродува благодарение на медицинската солидаризација на европските соседни земји, директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа д-р Ханс Клуге рече: „Но и покрај тоа, заедно со епидемијата од која што помина повеќе од една година нашите здравствени системи не би требало да бидат во оваа состојба во којашто се наоѓаат.“

Инаку, епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која се појави во кинескиот град Вухан и оттаму се прошири низ целиот свет досега одзеде над 2 милиони 573 илјади животи, а повеќе од 115 милиони 870 илјади лица во светот се инфектирани. 

 



Слични вести