Дeрманин: Можевме да затвориме само 17 од 89 места за верски обред на муслиманите

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дерманин рече дека можеле да затворат само 17 од 89 места за верски обреди на муслиманите за коишто постојат сомневања дека се поврзани со „сепаратистички“ активности

1594649
Дeрманин: Можевме да затвориме само 17 од 89 места за верски обред на муслиманите

Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дерманин одговараше на прашањата на парламентарците во Комисијата на Сенатот при што истакна дека постојат сомневања за тоа дека од 2.500 места за исполнување на верските обреди на муслиманите во Франција 89 се поврзани со сепаратистите, а воедно ја изнесе констатацијата дека овој процент „е мал“.

Дерманин рече дека можеле да затворат само 17 од 89 места за верски обред на муслиманите за коишто постојат сомневања дека се поврзани со „сепаратистички“ активности.

За затворање на 17 од нив тие биле ставени во склопот на „прекршување на безбедносноите правила на коишто треба да се придржуваат институциите отворени за јавноста“.

Нагласувајќи дека се соочуваат со тешкотии поради законите кои не дозволуваат да се прави тоа, Дерманин рече: „Ме прашувате што правам. Републичките закони не ми дозволуваат да ги затворам овие места за верски обред. Нацрт законот што ви го доставивме му дава можност на министерот за внатрешни работи да ги затвори уште утре.“

Од друга страна, во моментот кога францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дерманин и другите министри се наоѓаа во Комисијата на Сенатот, во главниот град Париз беше одржан протест под водство на Координацијата за нацрт законот против „сепаратизмот“.

Инаку, нацрт законот којшто на 2 октомври 2020 година од страна на францускиот претседател Емануел Макрон беше соопштен како нацрт-закон против „исламистичкиот сепаратизам“ и чие име потоа по реакциите коишто се појавија беше променето во „Принципи за зајакнување на почитувањето на републичките закони“, на 16 февруари беше изгласан во Долниот дом на Парламентот, Националното Собрание.

Нацрт законот на крајот на овој месец ќе биде разгледан во Сенатот на Франција.

 



Слични вести