СЗО: Би било нереално да се очекува пандемијата да заврши до крајот на годината

Директорот на програмата за итни состојби на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан истакна дека е нереално да се очекува пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) да заврши до крајот на годината

1593123
СЗО: Би било нереално да се очекува пандемијата да заврши до крајот на годината

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во седиштето на организацијата во швајцарскиот град Женева одржа состанок за претставниците на печатот преку видео-конференција.

Гебрејесус привлече внимание дека по седумнеделниот пад, минатата недела за прв пат повторно почна да се зголемува бројот на новите случаи на новиот тип коронавирус (Ковид19).

Тој овој пораст го нарече „разочарувачки, но не и изненадувачки“ и ги повика земјите да не ги олабавуваат мерките против ширењето на вирусот.

Директорот на програмата за итни состојби на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан пак, истакна дека е нереално да се очекува пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) да заврши до крајот на годината.

„Би било прерано да се очекува пандемијата да заврши до крајот на годината. Тоа е нереално.“ - рече Тој.

Велејќи дека Светската здравствена организација (СЗО) е фокусирана на спречување на ширењето на вирусот, Мајк Рајан рече: „Прашањето е во тоа вирусот да го ставиме под контрола, но моментално контролата и тоа многу повеќе е кај вирусот.“



Слични вести