Продолжуваат протестните митинзи ѝ на власта ѝ на опозицијата во Ерменија

Премиерот Никол Пашинјан со своите поддржувачи се состана на плоштадот на Републиката, додека опозициските средини кои ја бараат оставката на Владата се собраа на улицата Маршал Баграмјан во главниот град Ереван

1593133
Продолжуваат протестните митинзи ѝ на власта ѝ на опозицијата во Ерменија

Продолжуваат протестните митинзи одделно, ѝ на привзраниците на власта, ѝ на приврзаниците на опозицијата во главниот град на Ерменија, Ереван.

Премиерот Никол Пашинјан со своите поддржувачи се состана на плоштадот на Републиката, додека опозициските средини кои ја бараат оставката на Владата се собраа на улицата „Маршал Баграмјан“ во главниот град Ереван.

На протестните митинзи на власта и опозицијата коишто беа одржани во истите часови на одделни места, учествуваа илјадници лица.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан против кого армијата објави соопштение во кое ја побара неговата оставка, во говорот што го одржа на плоштадот на „Републиката“ пред своите приврзаници истакна дека планираат од парламентарен систем во земјата да преминат кон полупретседателски систем на уредување и рече: „Во октомври треба да го започнеме процесот за прифаќање на новиот Устав или за извршување на измени во Уставот. Можно е и сценариото за премин кон полупретседателски систем.“

Велејќи дека за тоа планираат да се одржи референдум, Пашинјан ја изнесе следната констатација: „Новиот систем ќе ја загарантира стабилноста во Ерменија и ќе ја спречи појавата на политички кризи, во иднина.“

Ерменскиот премиер потсети дека началникот на Генералштабот Оник Гаспарјан и и високите команданти објавија соопштение во кое го повикаа на оставка и го рече следното: „Началникот на Генералштабот со ова соопштение ги прекрши законите и Тој треба да поднесе оставка. Тоа е неизбежно.“

Пашинјан застана во одбрана на тоа дека исто така и поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан ја провоцира армијата против него.

„Соопштението на Генералштабот е објавено како резултат на влијанието на поранешните функционери и особено на Саркисјан.“ - рече Тој.

Пашинјан истакна дека се надева оти претседателот Армен Саркисјан ќе ја потпише одлуката со којашто е разрешен од должност началникот на Генералштабот Оник Гаспарјан и нагласи дека е спремен да оди на предвремени парламентарни избори.

Од друга страна пак, според информации коишто пристигнуваат од Ерменија била остварена средба помеѓу претседателот Армен Саркисјан  и премиерот Никол Пашинјан.

Во објавеното соопштение од кабинетот на ерменскиот претседател се истакнува дека на средбата било разговарано за политичката состојба во земјата во последните денови.

Инаку, началникот на Генералштабот на Ерменија и Оник Гаспарјан и високите команданти објавија соопштение со кое го повикаа премиерот Никол Пашинјан на оставка.

Пашинјан пак, ова соопштение го окарактерицира како „обид за воен удар“ и соопшти дека го разрешува од должност началникот на Генералштабот.

Меѓутоа, ерменскиот претседател Армен Саркисјан не ја потпиша одлуката за разрешување на началникот на Генералштабот и ја врати назад.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан истата одлука повторно ја испрати до претседателот.

 



Слични вести