Изнесено тврдење дека Израел изврши напад на Дамаск

Израел не објави соопштение во врска со прашањето

1592460
Изнесено тврдење дека Израел изврши напад на Дамаск

 

Режимот на Башар ал-Асад го изнесе тврдењето дека Израел извршил воздушен напад врз главниот град на Сирија, Дамаск.

Новинската агенција на режимот на Асад, САНА тврди дека Израел, од правецот на окупираните Голански висорамнини извршил воздушни напади во 22:16 часот по локално време на некои режимски пунктови околу центарот на градот Дамаск, од правецот на окупираните Голански висорамнини.

Во веста каде не беа дадени информации за човечки загуби или материјална штета на имот беше истакнато следното:

„Нашите системи за противвоздушна одбрана ги пресретна непријателските ракети и повеќето од нив ги собори“.

Израел не објави соопштение во врска со прашањето.

Во главниот град Дамаск, покрај режимската армија, има и воени пунктови кои припаѓаат на странски терористички групи под команда на иранската револуционерна гарда.

Режимот на Асад го изнесе тврдењето дека Израел на 15 февруари извршил воздушни напади на Дамаск, на 4 февруари на провинцијата Кунејтра на југот на земјата, на 13 јануари на Деир ез-Зор во источна Сирија, на 7 јануари на јужната страна на Дамаск, на 30 декември 2020 година врз Наби Хабил, западното рурално подрачје на Дамаск.



Слични вести