Иран го отфрли предлогот на ЕУ

Саид Хатибзаде: „Не е поволно времето за состанокот предложен од Борел поради ставот и чекорите на САД и 3 европски земји

1592495
Иран го отфрли предлогот на ЕУ

 

Иран соопшти дека не е поволно времето за „неофицијалната средба за нуклеарниот договор“ предложен од Жозеп Борел, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзаде, во писменото соопштение што го објави на веб-страницата на Министерството за надворешни работи направи проценка на предлогот на Борел.

Хатибзаде изјави дека не е поволно времето за состанокот предложен од Борел поради ставот и чекорите на Соединетите Американски Држави (САД) и 3 европски земји.

„Не станува збор за преговори за тоа дали сите страни треба да ги исполнат своите обврски со нуклеарниот договор. Сите разговори „земи и дај“ во врска со тоа беа одржани пред 5 години. Она што треба да се направи е доволно јасно; САД треба да стави крај на сите свои санкции и да врати на своите обврски во нуклеарниот договор. Оваа работа нема потреба од преговори ниту одлуката на Управниот одбор на Меѓународната агенција за атомска енергија“.

Аргументирајќи дека нема промена во ставот и постапките на Соединетите Американски Држави, новиот американски претседател Џо Бајден кој не се откажа од политиката на максимален притисок на поранешниот претседател Доналд Трамп и не ги прогласи своите заложби во врска со нуклеарниот договор, Хатибзде рече:

„Иран на акција ќе одговори со акција. На укинувањето на санкциите ќе се врати во согласност со своите обврски. Исто така, на непријателските чекори ќе одговори на ист начин. Иран ќе продолжи со билатералните и мултилатералните консултации со Борел кој воспоставува координација и другите земји во договорот“.



Слични вести