Извештајот на САД за новинарот Кашоги: Наредбата за убиство ја издаде принцот престолонаследник

Во објавениот разузнавачки извештај на Американската Дирекција за национално разузнавање (DNI) се истакнува дека наредбата за убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) ја издаде саудискиот принц престоонаследник Мухамед бин Салман

1591670
Извештајот на САД за новинарот Кашоги: Наредбата за убиство ја издаде принцот престолонаследник

Во објавениот разузнавачки извештај на Соединетите Американски Држави (САД) се истакнува дека лицето од чија страна е одобрено убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) е саудискиот принц престоонаследник Мухамед бин Салман.

Американската Дирекција за национално разузнавање (DNI) го објави „Извештајот за разузнавчка проценка за Кашоги“ којшто беше подготвен во 2018 година, меѓутоа не беше објавен за јавноста од страна на администрацијата на Доналд Трамп.

Во извештајот подготвен со придонесите пред се на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и други разузнавачки служби се истакнува дека лицето кое го одобрило убиството на новинарот Џамал Кашоги (Џемал Кашикчи) во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, во октомври 2018 година е принцот престолонаследник Мухамед бин Салман.

Во извештајот стои следната информација: „Тоа е зклучено на основа на вистините дека принцот Мухамед бин Салман ги контролира одлучувачките механизми во неговата земја, дека во убиството учествуваа еден значаен советник и безбедносна екипа на принцот и декапринцот презема чекори со насилство за замолчување на опозиционерите во странство, вклучуваќји го и Кашоги.“

Инаку, саудискиот новинар Џамал Кашоги (Џемал Кашикчи) кој беше познат по неговите критики против саудискиот принц престолонаследник Мухамед бин Салман и беше колумнист на американскот весник „Вашингтон пост“ на 2 октомври 2018 година отиде на закажан термин во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул поради издавање на потребните лични документи за венчавка и потоа не излезе од таму. 

Потоа беше дознаено дека новинарот Џамал Кашоги (Џемал Кашикчи) во Генералниот конзулат на неговата земја стана  жртва на брутално убиство и енговото тело е исечено на парчиња и уништено.
 



Слични вести