Ерменскиот претседател Саркисјан одби да го смени началникот на Генералштабот

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан одби да го смени од должност началникот на Генералштабот Олиг Гаспарјан за кого премиерот Никол Пашинјан соопшти дека го разрешува од должност

1591946
Ерменскиот претседател Саркисјан одби да го смени началникот на Генералштабот

Не стивнуваат тензичната атмосфера и протестните митинзи, ѝ на приврзаниците, ѝ на опозицијата, во Ерменија. 

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан одби да го смени од должност началникот на Генералштабот Оник Гаспарјан кој претходно објави соопштение со кое ја побара оставката на премиерот Никол Пашинјан.

Ерменскиот премиер Пашинјан кој ја обвини Армијата за обид за воен удар, одлуката за разрешување од должност на началникот на Генералштабот Гаспарјан ја испрати на одобрение на претседателот на државата Армен Саркисјан.

Меѓутоа, претседателот Саркисјан без да ја потпише одлуката за разрешување на Оник Гаспарјан ја врати кај премиерот Пашинјан.

Инаку, по претрпениот пораз во Карабах опозицијата во Ерменија почна често да одржува протести на кои ја бара оставката на премиерот Пашинјан, а воедно  продолжуваат протестите и на поддржувачите на Пашинјан.

Приврзаниците на опозицијата кои ја бараат оставката на премиерот Никол Пашинјан се собраа во областа каде се наоѓа Парламентот во центарот на главниот град Ереван за одржување на нов протестен митинг.

На денешниот протест беше согледано дека учествуваа поголем број лица во споредба со вчера.

Во областа на протестниот митинг беа испратени голем број полициски сили и безбедносните сили формираа ред во должина на зградата на Парламентот.

Како што се истакнува синоќа приближно 30 протестирачи ноќта ја поминале во поставениот камп од шатори во близина на Парламентот.



Слични вести