Турскиот совет: Болките од масакрот во Хоџали сѐ уште се свежи во срцето на Азербејџанците

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев во пораката по повод одбележувањето на 29-годишнината од масакрот во Хоџали нагласи дека спомените исполнети со болки сѐ уште се свежи во срцето на Азербејџанците

1591394
Турскиот совет: Болките од масакрот во Хоџали сѐ уште се свежи во срцето на Азербејџанците

Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) соопшти дека продолжува да стои рамо до рамо со Азербејџан.

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев во пораката што ја објави по повод одбележувањето на 29-годишнината од масакрот во Хоџали потсети дека ерменските сили на 26 февруари 1992 година во градчето Хоџали во Нагорно Карабах масакрираа невини луѓе меѓу кои се наоѓаа старти, жени, деца и бебиња.

Укажувајќи дека ерменските сили зедоа во заробеништво илјадници Азербејџанци и целосно го разрушија градчето Хоџали, Амреев во својата порака рече: „Како што беше сведок целиот свет, правдата е задоволена и легитимната борба на братски Азербејџан за своите територии во Нагорно Карабах под окупација резултира со победа. Оваа победа стана извор на гордост и радост за целиот турски свет.“ 

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев нагласи дека спомените на Хоџали исполнети со болки сѐ уште се свежи во срцето на Азербејџанците.

„По тој повод, и ние како Турски совет се сеќаваме со почит на жртвите во геноцидот во Хоџали, го изразуваме нашето сочувство до азербејџанскиот народ и азербејџанската Влада. Како Турски совет продолжуваме да стоиме рамо до рамо со Азербејџан.“ - рече Амреев.



Слични вести